Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Левица: Не сме ничиј сателит, старите партии не можат да прифатат нова политичка сила
    Политика

    Левица: Не сме ничиј сателит, старите партии не можат да прифатат нова политичка сила

    27/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Присуството на Левица на јавната трибина „Што по 35 години?“ предизвикало реакции кај двете најголеми политички партии, оценија од партијата, обвинувајќи ги СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека со години функционираат во меѓусебен политички дуопол.

    Од Левица велат дека настапите на лидерите на двете партии покажале дека тие не можат да прифатат постоење на политичка опција која, како што наведуваат, не е поврзана со ниту една од нив.

    „Толку се навикнати секоја политичка сила да биде нечија, што не можат да прифатат дека Левица е своја и автентична како производ на времето“, наведуваат од партијата.

    Според нив, по 35 години политика поделена меѓу две партиски структури, се појавила сила која не бара дозвола или политички легитимитет од старите центри на моќ.

    Од Левица додаваат дека немаат политички товар од минатото и дека не се поврзани со корупциски афери, што, според нив, им овозможува независно политичко дејствување.

    „Левица настана од непомирливоста со таквиот поредок и од одбивањето бедата и неправдата да се прифатат како судбина. Немаме политички долг што мораме да го вратиме, ниту досие со кое може да ни го стишат гласот“, стои во соопштението.

    Партијата порача дека ќе продолжи да настапува како самостоен политички субјект и да ја застапува својата програма без, како што велат, влијание од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вмро дпмне левица партија сдсм
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    19/11/2026

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    19/11/2026

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.