Јавното претпријатие „Лајка” информираше дека ја започнува иницијативата „Биди мојот Валентајн на еден ден”. „Одбери куче и ќе биде твое цел еден ден. Прошетка, парк, кафе-пауза, или мало честење во локален пет-шоп, изборот е твој, а радоста е нивна”, повикуваат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека понекогаш е доволен еден ден љубов за да се промени сè, а можеби токму ти, како што велат, ќе бидеш причината за нивното вдомување.
– Февруари е месецот на љубовта, а кај нас во ЈП „Лајка” има кучиња на кои таа навистина им е најпотребна, макар и само еден ден. Нашите кучиња со месеци, а некои и со години, немаат излезено надвор од ѕидовите на прифатилиштето – нагласуваат од претпријатието.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







