Општина Карпош вечерва продолжува со одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од своето основање со музичка забава на која ќе настапат Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre.
Настанот ќе започне во 21 часот и ќе се одржи на отворено, пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во препознатливиот електронски звук, ритам и енергија на еден од најпознатите македонски музички автори.
Од Општина Карпош посочуваат дека музичката вечер е дел од програмата со која се одбележува петдеценискиот јубилеј, посветен на заедништвото, културата и духот на општината.
„Со оваа музичка вечер, Општина Карпош продолжува со одбележувањето на петдеценискиот јубилеј, славејќи ги заедништвото, културата и духот на Карпош“, информираат од Општината.
