Радио „Стотројка“, основано во далечната 1991 година како дел од Македонска радио-телевизија, слави 35 години постоење со концерт на музичари од Франција и Италија, кој ќе се одржи утре, од 21 часот во „Буква“ – културен простор во Скопје познат по настани од независната сцена. На сцената ќе настапат францускиот проект „Бо.сенберг“, зад кој стои Венсан Редел, како и италијанското дуо „Електрик Растрело“, составено од Матија Бенуци и Лучано Турела.
Радио „Стотројка“ е единствена непрофитна радиостаница во земјава и едно од клучните места за алтернативната музика, кое повеќе од три децении им дава простор на нови автори и автентични звуци. Настанот е дел од јубилејната програма со која радиото го одбележува своето значајно место во македонската културна сцена.
