Царинската управа поднесе кривична пријава против доктор од Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ и медицинска сестра, кои се обиделе да прошверцуваат од компанија од Република Кореја вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари.
Против лицата, како што се наведува, е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, шверцување и царинска измама, казниви во согласност со Кривичниот законик.
Случајот е откриен од страна на царински службеници од Царинска филијала Скопје 1 при детална контрола на поштенска пратка пријавена за увозно царинење за која била приложена фактура во која биле наведени 10 козметички примероци, а биле откриени 199 вијали со ботокс.
