Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“
    Некатегоризирано

    Kривична пријава против членка на Судски совет за сторено кривично дело „измама во службата“

    02/10/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје поднесоа кривична пријава против Л.Г. (57) од Струмица, за сторено кривично дело „измама во службата “ член 355 став 1 во врска со став 2 од КЗ. Пријавената Л.Г., како службено лице – член на Судски совет на Република Македонија, во временски период од 26.08.2022 до 15.01.2024 со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со неприкажување на фактот дека има промени во имотната состојба на членовите на нејзиното потесно семејство, не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет дека нема да користи патни трошоци за патување на релација од Струмица, како место на живеење, до Скопје, како место на извршување на работата и обратно, со што го довела во заблуда Судскиот совет да и исплаќа надоместок на трошоци за превоз согласно точка 4 од Одлуката за начинот на остварување на правата на судиите утврдени во Законот за платите на судиите бр.02-1425/12 од 13.10.2010, а донесена од страна на Судски буџетски совет, согласно одредбите од член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет.

    Имено, пријавената Л.Г. во својство на судија од Основен суд Струмица во 2018 година била избрана за член на Судски совет, од редот на судии од апелационо подрачје Штип, при што, согласно член 8 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет, членот на советот има право на надомест на трошоци за превоз во висина од вистинските трошоци за јавен сообраќај. Согласно тоа, пријавената Л.Г. поднела барање, кон кое доставила копија од лична карта, одлука за избор за судија и изјава заверена на нотар дека таа или член од нејзиното потесно семејство немаат стан или куќа во нивна сопственост во местото каде ја извршува функцијата.

    Пријавената Л.Г. во 2022 година имала промена на имотна состојба, односно нејзината ќерка се стекнала со недвижен имот-стан во Скопје, но Л.Г. не поднела навремено известување до претседателот на Судски совет, за што од страна на Судски совет на пријавената за период од септември 2022 година (како месец по стекнувањето на имотот) до декември 2023 година (кога и престанало правото на надомест на трошоци за превоз по нејзино доставено известување на ден 15.01.2024) во вкупно 15 наврати и биле исплатени пари како надомест за патни трошоци во вкупен износ од 291.040 денари, за кој износ Л.Г. се стекнала со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на Судски совет на РМ.

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    19/10/2026

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.