39-годишен косовски државјанин е осомничен од скоското јавно обвинителство за кривично дело – Тешка кражба. Тој на 11 април со тесла го скршил стаклото од влезната врата на тобако-маркет во Скопје, влегол внатре, претурал и пребарувал и од маркетот одзел пари од дневен промет, разни алкохолни пијалоци, цигари и други ситни производи, во вкупна вредност од 52.900 денари. Веднаш потоа со велосипед избегал во непознат правец.
На 18 април, повторно на ист начин се обидел да влезе во истиот маркет, но за кратко време бил забележан од случајни минувачи и вработени кои пријавиле во полиција.
За него, поради опасност од бегство, особено затоа што осомничениот непријавено престојувал во Македонија државава, предложен е притвор.

