Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Кој се е уапсен, за кого се бара притвор во најновата афера поврзана со екс раководството на РЕК „Битола“ и „Марковски Компани“?
    Политика

    Кој се е уапсен, за кого се бара притвор во најновата афера поврзана со екс раководството на РЕК „Битола“ и „Марковски Компани“?

    09/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Поранешниот директор на РЕК Битола, заедно со неговиот помошник директор за производство, двајца технички директори, двајца раководители на подружници и раководителот на Рудникот Суводол се осомничени денес од Обвинителството дека заедно со сопственикот на „Марковски Компани“ Борче Марковски и еден негов вработен направиле проневера на буџетот на Комбинатот.
    Од Обвинителството дознаваме дека тие се сомничат оти во 2023 година како соизвршители сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, така што не ја извршиле својата службена положба со намера на друг да му прибават корист, а да го оштетат Комбинатот за околу 1,6 милиони евра.
    Според Обвинителството, тие спротивно на основниот рударски проект и на потребите на рудникот „Живојно“ организирале и реализирале јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во ПЕ Рудници – РЕК Битола.
    При тоа сопственикот на „Марковски Компани“ и уште едно лице вработено во компанијата, се сомничат дека, иако биле свесни дека работите не се извршени, доставувале фактури врз основа на кои од РЕК Битола незаконито платиле 106.200.000 денари со вклучен ДДВ. Па на таков начин сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство“.
    Додека пак раководителите од РЕК Битола покрај за „злоупотреба на службена положба“ се сомничат и за уште едно дело „измама во службата“, затоа што иако знаеле дека работите не се извршени, потпишувале записници и извештаи дека договорот е целосно реализиран.
    Како што претходно објавивме Финансиската полиција утрово го уапси сопственикот на „Марковски Компани“ и поранешните раководители во битолскиот комбинат.
    Според нашите информации, Обвинителството бара од Битолскиот основен суд определување на притвор за сопственикот на фирмата и раководителот од ПЕ „Рудници“ во РЕК Битола.
    За другите осмоничени се бараат мерки на претпазливост — одземање на патна исправа и повремено јавување во судот, со тоа што поранешниот директор на РЕК Битола, кој е опфатен со овој скандал, веќе се наоѓа во притвор по друга постапка.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    апсење марковски компани проневера рек битола
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Студенти бараат студентскиот оброк да се зголеми на 200 денари, министерката вели дека може да биде 147 денари

    03/10/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    03/10/2026

    Две починати лица пронајдени на различни локации во Скопје

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.