Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Технологија»Кога AI станува продавач: Македонска платформа го „загрева“ онлајн шопингот
    Технологија

    Кога AI станува продавач: Македонска платформа го „загрева“ онлајн шопингот

    29/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Онлајн купувањето често е студено и безлично: фотографии, опции, коментари… и голема неизвесност. Колку пати сте се прашале дали оној фустан ќе ви стои, или дали серумот навистина ќе ви помогне? Во физичка продавница, решението е едноставно — продавачот ќе ве насочи. Во дигиталниот свет, тоа чувство често недостасува.

    Токму оваа празнина ја забележа Игор Илиевски и ја претвори во идеја што денес веќе функционира во САД и Панама. Неговото решение се вика Amenexia — AI асистент за шопинг кој го враќа човечкиот допир во интернет продажбата.

    Како почна сè?

    Приказната на Илиевски не е типична технолошка бајка. Сè започнува во раните 2000-ти, во еден скромен подрум во Македонија, каде младиот визионер веќе тогаш размислува како да ги поврзе луѓето преку интернет. Две децении подоцна, неговата работа е препознаена и наградена во Дубаи, каде доби пристижна награда за животно дело на BURJ CEO Awards.

    Но најголемиот предизвик за тимот сега е не успехот во странство, туку враќањето на таа иновација дома — во македонскиот е-commerce.

    „Бариста“ што ве познава подобро од вас самите

    Amenexia не е уште еден chatbot кој одговара со копирани фрази. Таа е дизајнирана да биде лична, паметна и „човечна“ — и тоа 24/7.

    „Со секоја интеракција, системот учи и станува подобар, како бариста што ве познава и ве сервира точно како што сакате“, вели Илиевски.

    Во практиката тоа значи:

    • Помош при избор на производи (на пример, два крема за лице и која е подобра за вас)
    • Консултација за технички детали (дали паметен уред ќе ви одговара во домот)
    • Поддршка во процесот на купување, без потреба да чекате одговор од човек

    „Онлајн продавниците не губат клиенти поради лоши производи, туку поради двоумење“, додава Илиевски. „Ние сакаме да го замениме сомнежот со доверба.“ 

    Технологија која „чувствува“

    Она што ја прави Amenexia посебна е не само што е AI, туку што се обидува да ја разбере емоцијата зад прашањето. Ако корисникот е фрустриран или збунет, системот одговара со емпатија и разбирање — како добар продавач во реална продавница.

    Ова е особено важно во Македонија, каде купувачите често бараат потврда од „вистинска личност“ пред да завршат нарачка. Amenexia ја дава таа сигурност, но на модерен и автоматизиран начин.

    „Технологијата треба да стане невидлива, а искуството да биде едноставно и пријатно“, заклучува Илиевски.

    Добредојде дома, Amenexia

    Amenexia е AI-поддржан дигитален асистент за купување развиен од компанијата Amenex. Со повеќе од 20 години искуство во eCommerce инфраструктура, Amenexia им помага на онлајн продавниците да го зголемат ангажманот, да ја подобрат конверзијата и да создадат поинтимно искуство за купувачите.

    Поврзани вести:

    Нетфликс ќе отпушти околу 1.000 вработени во најголемо кратење од 2022 година

    Нетфликс ќе отпушти околу 1.000 вработени во најголемо кратење од 2022 година

    Клима или електрична греалка – што е поисплатливо за затоплување на домот?

    Клима или електрична греалка – што е поисплатливо за затоплување на домот?

    Dacia ја претстави новата генерација на електричниот Spring: поголем, помодерен и сè уште достапен

    Dacia ја претстави новата генерација на електричниот Spring: поголем, помодерен и сè уште достапен

    Американски суд дозволи да продолжат илјадници тужби против „Мета“, „Гугл“ и „ТикТок“

    Американски суд дозволи да продолжат илјадници тужби против „Мета“, „Гугл“ и „ТикТок“

    Судот на ЕУ ја потврди казната од 4,1 милијарди евра за Google

    Судот на ЕУ ја потврди казната од 4,1 милијарди евра за Google

    Електричните автомобили со најголем раст во Европа

    Електричните автомобили со најголем раст во Европа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Нетфликс ќе отпушти околу 1.000 вработени во најголемо кратење од 2022 година

    15/10/2026

    Клима или електрична греалка – што е поисплатливо за затоплување на домот?

    28/09/2026

    Dacia ја претстави новата генерација на електричниот Spring: поголем, помодерен и сè уште достапен

    08/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.