Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Електричните автомобили со најголем раст во Европа
    Магазин

    Електричните автомобили со најголем раст во Европа

    25/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од јануари до мај оваа година се регистрирани 4,0 проценти повеќе возила во споредба со истиот период лани, што претставува стабилен резултат, и покрај политичката неизвесност и ослабената економска активност. Позитивниот тренд, сепак, главно е поттикнат од промените во структурата на пазарот и зголемената побарувачка за одредени типови погони.

    Растот на продажбата на нови автомобили најмногу се должи на зголемениот интерес за хибридни и електрични возила, при што улога имаат и повторното воведување на субвенции на одредени европски пазари, како и други поволности за купувачите на електрифицирани возила.

    На европскиот пазар и натаму доминираат класичните хибридни возила, кои учествуваат со речиси четири од секои десет нови регистрации. Со удел од 37,8 проценти и околу 1,8 милиони возила, хибридите се убедливо најзастапени пред бензинските автомобили, кои имаат удел од 22,4 проценти од вкупните новорегистрирани возила во првите пет месеци.

    Трет најпопуларен избор се целосно електричните автомобили. Во периодот од јануари до мај се регистрирани 950.521 возило на батерии, што претставува најголем раст од 35,7 проценти меѓу сите типови погони во споредба со истиот период лани.

    Приклучните хибриди, кои претходно имаа значајно учество на пазарот, бележат пад на популарноста и годинава учествуваат со 9,7 проценти. Воедно, дизел возилата се единствениот сегмент со значително намалување, со 361.971 продадени возила и удел од 7,6 проценти.

    Останатите типови погони, како метан и автогас, учествуваат со 2,4 проценти од пазарот, најмногу поради нивната присутност на одредени национални пазари, меѓу кои Италија.

    Податоците покажуваат дека во првите пет месеци се регистрирани 950.521 целосно електрични возила, што претставува околу 20 проценти од пазарот. Најголем раст е забележан на трите најголеми европски пазари кои заедно сочинуваат 63 проценти од сите електрични возила: Италија со раст од 75,7 проценти, Франција со 55,4 проценти и Германија со 40,9 проценти, додека Белгија бележи минимален раст од 2,8 проценти.

    Поврзани вести:

    Експертите предупредуваат: Не ги чувајте јајцата на ова место во фрижидерот

    Експертите предупредуваат: Не ги чувајте јајцата на ова место во фрижидерот

    Љубов на работа? Експертите откриваат кога романсата може да стане проблем

    Љубов на работа? Експертите откриваат кога романсата може да стане проблем

    Не го бањајте бебето секој ден во зима: Педијатрите предупредуваат на сушење на чувствителната кожа

    Не го бањајте бебето секој ден во зима: Педијатрите предупредуваат на сушење на чувствителната кожа

    Употребата на канабис поврзана со зголемен ризик од мозочен удар, покажува нова студија

    Употребата на канабис поврзана со зголемен ризик од мозочен удар, покажува нова студија

    Три хороскопски знаци наскоро ќе сфатат дека најтешките моменти им биле најголема лекција

    Три хороскопски знаци наскоро ќе сфатат дека најтешките моменти им биле најголема лекција

    Денеска е Арангеловден: Се слави Свети Архангел Михаил, заштитникот на доброто

    Денеска е Арангеловден: Се слави Свети Архангел Михаил, заштитникот на доброто

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Експертите предупредуваат: Не ги чувајте јајцата на ова место во фрижидерот

    23/11/2026

    Љубов на работа? Експертите откриваат кога романсата може да стане проблем

    22/11/2026

    Не го бањајте бебето секој ден во зима: Педијатрите предупредуваат на сушење на чувствителната кожа

    22/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.