Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Коцевски за интерпелацијата на Левица: „Нема законска основа и воопшто не би смеела да биде поднесена“
    Политика

    Коцевски за интерпелацијата на Левица: „Нема законска основа и воопшто не би смеела да биде поднесена“

    25/07/20256 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски достави  писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Во неа, тој наведува дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата е предмет на неосновани напади  и тие се причина за ниската доверба во јавноста.

    Во писмениот допис тој посочува дека иако поднесената интерпелација е недозволена согласно закон, фактот што подносителите без никаков аргумент бараат негова одговорност, покажува дека оваа интерпелација е политички, а не правно заснован инструмент со кој се овозможува упад во самостојноста на Обвинителството.

    -Постапката за одговорност на јавниот обвинител на РСМ е уредена со Законот за јавното обвинителство и не предвидува можност за политичка одговорност каква што е интерпелацијата. Тоа е така за да се гарантира функцијата јавен обвинител кој раководи со единствен и самостоен орган, независен во постапувањето и одлучувањето. И покрај тоа, на интерпелацијата ѝ се дава третман како на секоја друга постапка за одговорност на политички функционер, што покажува недоволно разбирање на подносителите за самостојноста на третата власт, пишува Коцевски во писмениот допис до пратениците.

    Независно од тоа, државниот обвинител во продолжение на документот дава одговор на четирите точки кои Левица ги наведе како клучни причини за поднесената интерпелација – селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.

    Во однос на обвинувањето за селективност во истрагата за Кочани, и за невклученост на актуелни функционери во неа, Коцевски вели дека Обвинителството постапува исклучиво врз основа на доказите кои ги има, а притоа осомничените не ги дели по партиска, етничка или која било друга припадност.

    -Се постапува за сите за кои се обезбедени докази – и против сопствениците и поврзаните лица со дискотеката, и против обезбедувањето, и против сите одговорни лица во неколку институции кои со своето постапување или непостапување овозможиле таа дискотека да работи толку години. Се постапува и против припадници на МВР, високи полициски функционери, и тоа не во ‘предистрага’, како што неточно се наведува во интерпелацијата, туку во фаза на истрага во рамките на која тие активно се истражуваат и им се определени мерки на обезбедување. Во уште неколку други институции и за други лица продолжуваат и натаму дејствија додека не ја испитаме целосно линијата на одговорност, посочи Коцевски.

    Вели дека не само што не се чувствува одговорен, туку дека е горд на работата на обвинителскиот тим кој за кратко време успеа да прибере голем број докази за случајот за кој рече дека очекува фер и непристрасна судска постапка во која ќе се докаже дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар.

    Во однос на втората точка од интерпелацијата, за политичко влијание врз него од страна на премиерот Христијан Мицкоски, кое се постигнало со наводен политички договор со запирање на постапката за негово разрешување, Коцевски вели оти во ниту еден момент не постоел таков обид за политичко влијание. Посочува дека постапката за негово разрешување, која беше на иницијатива на Владата е онолку неоснована колку што е и оваа интерпелација.

    -Недостатоците во неа се наведени и во најновиот специјален извештај на Европската комисија за состојбата со владеење на правото во нашата земја, така што нејзиното запирање треба да е очекуван потег, а не некаква форма на ‘договорно мотивирана одлука преку ноќ’, како што се наведува во самата интерпелација. Јас од првиот момент на поднесување на иницијативата за разрешување до денес најодговорно тврдам дека не сум сторил никаква дисциплинска повреда која би била основ за таква постапка. Тоа го потврди и Советот на јавните обвинители кој даде негативно мислење за иницијативата за мое разрешување, вели републичкиот јавен обвинител.

    Осврнувајќи се на третата точка од поднесената интерпелација, која се однесува на, како што наведуваат од Левица, функционалниот хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје, Коцевски вели дека токму констатираните состојби во ова обвинителство биле повод за тој да иницира дисциплинска постапка против шефот на обвинителството и уште еден вработен во институцијата. Додава дека дисциплинската комисија, која е целосно независен орган, таа иницијатива ја прифатила едногласно, повела постапка, ги испитала сите докази, носејќи едногласна одлука дека двајцата навистина сториле тешка дисциплинска повреда.

    -По однос на одредените санкции не би коментирал, бидејќи одлуката се уште не е правосилна, но факт е дека во прв степен им се изречени најтешките санкции кои за ваква повреда се предвидени во Законот за јавното обвинителство. Каде е тука мојата одговорност? Дали требало да ги одмолчам пропустите и нестручноста со кои преку повлекување жалби и откажување од обвинение е нанесена штета на буџетот? Дали требало да одмолчам за нарушените меѓучовечки односи за кои одговорен бил шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје и за кое против него се води и кривична постапка? Јас избрав да не молчам и директно да го повикам на одговорност секој јавен обвинител за кого ќе констатирам дека непрофесионално и нестручно ја врши својата функција, вели Коцевски, додавајќи дека состојбите во ова обвинителство веќе се подобруваат.

    За наводното непостапување по службена должност за дивоградбите во главниот град, државниот јавен обвинител вели дека Јавното обвинителство има оформено предмети и по допрен глас и по поднесени кривични пријави за дивоградби во Чаир, но и во други општини и градови во државата. Дел од нив, како што вели, се во предистрага, дел се во фаза на истрага, за дел е поднесено обвинение, а за некои има и судски постапки и одлуки.

    За наводите за дивоградби во Чаир кои ги изнесе градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека се оформени два предмети по нејзини пријави – едниот во ОЈО Скопје, другиот во ОЈО ГОКК.

    „По двата се постапува во предистражна постапка, во рамките на која се дадени детални наредби на надлежните институции од правосудната полиција да обезбедат докази за проверка на наводите. Тука би го нагласил и вториот факт, а тоа е употребата, односно повеќе злоупотребата на терминот ‘допрен глас’, предвиден како можност не само за јавниот обвинител, туку и за другите надлежни институции да оформуваат предмети врз основа на јавно слушнати наводи и информации за сторено кривично дело. Овој инструмент Обвинителството го користи во ситуации кога институциите надлежни за откривање на кривичните дела не си ја вршат својата работа и во случаи кога квантумот на јавно објавени информации е доволно голем за да овозможи основано сомнение за извршено кривично дело и сторител. Инаку, секој што во рамките на извршување на своите службени должности дознал дека е извршено кривично дело има законска обврска тоа да го пријави, додава Коцевски.

    Државниот јавен обвинител на крајот на писмениот допис до пратениците апелира на отфрлање на интерпелацијата која, како што вели, нема ниту еден законски основ и воопшто не би смеела да биде поднесена. Со нејзино отфрлање, додава тој, се заштитува институцијата јавен обвинител и неговата самостојност гарантирана со Уставот и законите.

    Собраниската расправа за интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски е закажана за 29 јули. Интерпелацијата, според објавата на веб-страницата на Парламентот, е една од точките на предлог-дневниот ред за 64. пленарна седница, претпоследна пред пратениците да заминат на одмор на почетокот на август.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.