Кинотеката на Македонија во септември подготвува разновидна програма со македонски и балкански филмови, светски класици, неми филмови и посебни програмски целини.
Месецот започнува со „Сведок“ на Митко Панов, драма која ги отвора темите за воените злосторства, вината, правдата и политичката меморија. На програмата се и американски класици со Хамфри Богарт, Френк Синатра и Џон Вејн.
Посебен дел од септемвриската понуда ќе бидат „Деновите на хрватскиот филм“, како и проекции посветени на немиот и класичниот филм.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
