Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Кинескиот пијанист Сихенг Сонг вечерва настапува на „Охридско лето“
    Култура

    Кинескиот пијанист Сихенг Сонг вечерва настапува на „Охридско лето“

    12/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со музичка вечер посветена на пијаното, во рамки на која пред охридската публика ќе настапи познатиот кинески пијанист Сихенг Сонг.

    Сонг е роден во Шангај во 1981 година, а се смета за еден од истакнатите пијанисти од својата генерација. Своето музичко образование го стекнувал во Франција, каде што студирал на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки. По дипломирањето како концертен пијанист, ги продолжил студиите на Парискиот конзерваториум кај Оливие Гардон, а дополнително се усовршувал и кај Доминик Мерле.

    Во текот на кариерата, Сонг освоил награди на повеќе престижни меѓународни пијанистички натпревари, меѓу кои во Мароко, „Висеу“ во Португалија, „Гран при Анимато“, како и натпреварите во Лидс и Даблин. Особено значајно е признанието од 2004 година, кога стана првиот кинески победник на престижниот натпревар „Лонг-Тибо“.

    Неговите успеси му овозможиле настапи на голем број сцени низ светот, меѓу кои во Токио, Сеул, Пекинг, Шангај, Париз, Берлин и Њујорк. Бил дел и од реномирани фестивали во Франција, Германија и Полска, меѓу кои „Рок Антерон“, Фестивалот во Рур, фестивалот „Бетовен“ во Бон и фестивалот во Душники.

    Како солист, настапувал со бројни оркестри од Франција, но и со Оркестарот од Монте Карло, „Хале“ од Велика Британија, Камерниот оркестар во Виена, Кинеската филхармонија, Филхармонијата на Хонг Конг и Новата јапонска филхармонија.

    Сихенг Сонг бил член и на жирија на повеќе меѓународни натпревари, а воедно бил и најмладиот резидентен уметник на Шангајскиот Гранд театар.

    Од 2010 година развива и нов концепт на концертни настапи, во кој класичниот рецитал го комбинира со мултимедијални содржини. Досега реализирал пет вакви проекти, поврзувајќи ги музиката и театарот, како и уметноста и литературата, со цел класичната музика да ја доближи до современата публика.

    Целовечерниот концерт во рамки на „Охридско лето“ ќе се одржи вечерва во катедралната црква „Света Софија“, со почеток во 21 часот.

    На програмата се дела за пијано од Дебиси, Моцарт, Шопен и Чен, како и авторски композиции на самиот Сихенг Сонг.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.