Во врска со вчерашиот настан за кавгата на граѓани со вработени, од жичарата на Водно, поради работното време, ЈСП информира дека станува збор за ширење лажни информации и неточно толкување на работното време на жичницата.
– Жичницата „Милениумски крст” има утврдено работно време, кое вработените доследно го почитуваат со години. По подолго ефективно работење мора да следува пауза од половина час, од економски причини, односно поради потрошувачката на електрична енергија при континуирано работење кога нема голема посетеност, појаснуваат од претпријатието- појаснуваат од ЈСП.
Воедно додаваат дека жичницата не работи секој понеделник и секој последен вторники во месецот, поради сервисни активности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
