Министерството за здравство веќе два дена ја слуша јавната дебата околу Предлог Законот за заштита од пушењето. Од таму нагласија дека се ова е поради превенција, јавното здравје и заштитата на младите од последиците од пушењето.
Јавноста на социјалните мрежи се подели, некои околу големината на казните, други околу опсегот на забраните, трети околку тоа кои цигари се поштетни…
Засега во дебатата не се посочува дека освен законот, Владата треба да направи сеопфатна стратегија како да им се објаснува на младите штетноста од пушењето. Нели превенцијата е една од целите, па таа не се постигнува само со предложениот Закон, може да се постигне и во училиштата, преку медиумите, со кампањи, брошури, предавања…
Овие работи можат да бидат поефикасни кај значаен дел од тинејџерите ако добро им се пристапи. Да, потребни се и казни и забрани, но посеопфатна треба да е борбата против пушењето за кое статистиката вели дека на Македонија и одзема 4.000 животи годишно.
А за улогата на родителите пак, во некоја идна прилика, министерството најави дека јавната расправа ќе потрае.
