Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера го лишиле од слобода 38-годишниот М.Т. од Македонски Брод, поради сомнение дека предизвикал пожар во селото Брезница.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил околу 10:00 часот, кога при искрење од бензински тример за косење, кој го користел во близина на неговата куќа, избувнал пожар.
Огнот брзо се проширил кон соседните имоти, по што интервенирале екипи на ЈП „Национални шуми“, со помош на локалното население, кои успеале да го изгаснат пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
