Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Интервју со Милена Сиљановска: Скопје треба да биде жариште и прибежиште, но, сè уште не е такво
    Култура

    Интервју со Милена Сиљановска: Скопје треба да биде жариште и прибежиште, но, сè уште не е такво

    14/07/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Интервју со Милена Сиљановска, писателка и поетеса

    Кога ќе кажете Скопје, кои мисли и слики Ви се појавуваат?
    МСУ. Чаршија. Мојата улица во која некогаш зрееја диви јагоди. Но, најмногу од сè – мислам на скулптурата на партизанката Вера Јоциќ близу Градскиот парк. Таа скулптура има невидлива живост и борбеност во неа. Секогаш ме теши во (не)времиња и во неа си го наоѓам спасението. Иако кога ќе ја посетам (а тоа го правам често) е осамена, се надевам дека повеќето луѓе од Скопје умеат да ги видат вистинските солзи во закоравените капки од дожд и вода на нејзиното лице. Оваа маестрална скулптура на борката за која пеел Ацо Шопов е создадена од сестра ѝ, вајарката Вида, по нејзиното трагично загинување во НОБ.

    Кое Скопје го сакате повеќе – ова сега или тоа од порано?
    Носталгијата честопати знае да нè навлече кон благи заблуди. Кога надвор беснее зима, ни недостига летото посилно, а кога ќе дојдат скопските горештини, копнееме по ветер. Но, не мислам дека само носталгијата игра улога кога ќе кажеме дека ни фали старото Скопје. Таму ми е срцевината на детството. Тажно е што не можеме да ги посетуваме сите места на кои имаме спомени. За жал, многу од нив што некогаш ни беа лулка, денес се само прашина. Тоа носи кон нови прашања – дали ни го срушија детството до темел за да се постават нови темели?

    Скопје и скопјани даваат и плаќаат, но дали институциите и градоначалниците доволно му даваат на градот?
    Пишувам од гледиште на писател, како рецептор на уметноста во градот. Кога би било доволно дадено, и самата уметност би звучела/зборувала/танцувала/сликала поинаку. Уметноста е најдобра слика на општествената состојба што ја живееме. Самото тоа што си го поставуваме ова прашање, во себеси го содржи и одговорот што е очигледен. Градот треба да биде жариште и прибежиште. Сè уште не е таков.

    Дали Вие доволно му дадовте на градот?
    Сите секојдневно еднакво му даваме на градот. И едноставен нежен однос кон него е давање и придонес. Секако, и поезијата. Но давањето уметност на градот е малку поинаква категорија. Поезијата не функционира како жардиниера што ќе разубави некоја улица. Таа е суштествена точка и не мора нужно да биде убава за да може да му „даде“ нешто на градот. Ние даваме во длабочина. Па што мислите, дали градот е доволно длабок?

    Со што најмногу се гордеете во Скопје?
    Со приказните што ги чува во себе. Со надарените уметници и некогаш и сега. Со луѓето и со творците што бескомпромисно создаваат и храбро се борат за смислата и суштината, дури и кога немаат никаква поддршка.

    Преголемо ли е Скопје за Вас, треба да расте или да се намали?
    Секогаш треба да се расте… во духот.

    Што Ви недостига во градот, а што би одзеле?
    Ми недостигаат безбедност, музика, концерти, места во кои ќе можеме да ги промовираме своите збирки, мини библиотеки на отворени во кои вистински ќе се враќаат книгите, повеќе велосипеди, повеќе книжарници, подобро образование и здравствени услови… Би ги одзела сите отпадоци, гушење со згради, турбофолкерски постери и звуци на секој чекор… Сето она што го спречува градот „да биде цвет и израз свиден на сè братско в овој свет“.

    Во какво Скопје би сакале да живеете?
    Во слободно Скопје. Радосно Скопје. Луѓе со кренати глави. Девојки со моливи во косите. Со „изгор лето, кочан зима“. Лето со џагор и млади неизбегани во странство. Зима без смог. Со капачи и капалиште на Вардар. И Камена (скулптурата под Камени мост) конечно да се впушти во водите оти ќе ѝ бидат чисти. Романтичарски и поетски, сè уште верувам: „Градот убав пак ќе никне“ и „Скопје радост ти ќе бидеш“ (пак)!

    Поврзани вести:

    Во Скопје започнаа „Денови на филигран“ – промоција на традиционалниот занает и рачната изработка

    Во Скопје започнаа „Денови на филигран“ – промоција на традиционалниот занает и рачната изработка

    „Као Какао“ ја отвора новата театарска сезона во МНТ со две претстави на 10 и 11 септември

    „Као Какао“ ја отвора новата театарска сезона во МНТ со две претстави на 10 и 11 септември

    Над 15.000 посетители на AERO Street Food Festival, завршницата носи нови музички настапи

    Над 15.000 посетители на AERO Street Food Festival, завршницата носи нови музички настапи

    На денешен ден во 1962 година започнаа Струшките вечери на поезијата

    На денешен ден во 1962 година започнаа Струшките вечери на поезијата

    AERO Street Food Festival од денеска до 8 септември во паркот „Авионче“

    AERO Street Food Festival од денеска до 8 септември во паркот „Авионче“

    Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

    Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Општина Карпош спроведе мерења на квалитетот на воздухот на повеќе локации

    11/09/2026

    Во Скопје започнаа „Денови на филигран“ – промоција на традиционалниот занает и рачната изработка

    11/09/2026

    ЕВН најави прекин на струјата во Арачиново, Мојанце, Орланце и Горно Соње

    11/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.