Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Интервју со Марија Најдовска: Сакам да живеам во Скопје каде што младите ќе остануваат
    Култура

    Интервју со Марија Најдовска: Сакам да живеам во Скопје каде што младите ќе остануваат

    18/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Интервју со Марија Најдовска, единствената дипломирана жена трубач во Македонија.

    Кога ќе кажете Скопје, кои мисли и слики Ви се појавуваат?
    Кога ќе се каже Скопје, ме асоцира на љубов и ми се појавува слика од топол дом. Убави приказни проживеани на секое катче, слободен дух, носталгични чувства и убава енергија. Тука живееме скромно, но среќно.

    Кое Скопје го сакате повеќе – ова сега или тоа од порано?
    Го сакам Скопје во секој облик, но би рекла дека повеќе го сакам ова Скопје сега, бидејќи сум емотивно врзана за него. Сум слушала за старото Скопје и ми изгледа дека било посмирено и со повеќе зеленило, но не сум живеела во тоа време, па тоа им го препуштам на другите да го доловат. За мене, денешното Скопје е магично и посебно.

    Скопје и скопјани даваат и плаќаат, но дали институциите и градоначалниците доволно му даваат на градот?
    Не можам да кажам дека сме задоволни со тоа колку му се дава на градот. Чест на исклучоците кои навистина напорно работат и се трудат да променат нешто на подобро, но потребни се поголем труд, одговорност и сплотеност. Секогаш има простор за напредок и за подобрување на животната средина, а тоа бара визија, соработка и искрена грижа за градот и неговите луѓе.

    Дали Вие доволно му дадовте на градот?
    Јас лично се трудам да бидам активен и одговорен граѓанин, да внимавам на чистотата, но секако, секогаш има простор за поголем труд. Сметам дека секој треба прво да тргне од себе и да размисли како се однесува со средината околу себе, затоа што секој може да придонесе за подобро Скопје. Ситниците водат до големи промени, а малите навики создаваат посилна заедница.

    Со што најмногу се гордеете во Скопје?
    Способноста да се издигне од урнатини. Скопје носи траги од разни времиња кои раскажуваат за длабока и богата историја. Имаме одлична храна, жив и топол социјален живот, а најмногу се гордеам со луѓето – колку се талентирани и паметни, со нивната издржливост, дух, топлина и способност да функционираат и во хаос.

    Преголемо ли е Скопје за Вас, треба да расте или да се намали
    Според мене, населението во Скопје дефинитивно треба да се намали, затоа што градот е пренаселен – се доселуваат и оние што треба, и оние што не треба. Веќе има преголема гужва од секој аспект: за живеење, за сообраќај, за работни места, па дури и за основна инфраструктура.

    Што ви недостига во градот, а што би одзеле?
    Ми недостига сплотеност кај народот, повеќе зеленило, чист воздух, функционален јавен превоз кој би бил навремен. Ми недостига исто така посилен културен живот, настани што ќе го направат градот жив и поврзан.

    Би одзела од непланската урбанизација што го гуши градот — зградите никнуваат без ред, без доволно простор помеѓу нив, без зеленило, без паркинзи.

    Во какво Скопје би сакале да живеете?
    Сакам да живеам во Скопје каде што младите ќе остануваат, не заминуваат, каде што ќе има ред, правда и можности за сите. Град што не се продава за лични интереси, туку се гради со љубов и совест. Скопје што гордо ја чува својата историја, а мудро го гради својот пат кон иднината —чисто, зелено и достоинствено.

    Поврзани вести:

    „Као Какао“ ја отвора новата театарска сезона во МНТ со две претстави на 10 и 11 септември

    „Као Какао“ ја отвора новата театарска сезона во МНТ со две претстави на 10 и 11 септември

    Над 15.000 посетители на AERO Street Food Festival, завршницата носи нови музички настапи

    Над 15.000 посетители на AERO Street Food Festival, завршницата носи нови музички настапи

    На денешен ден во 1962 година започнаа Струшките вечери на поезијата

    На денешен ден во 1962 година започнаа Струшките вечери на поезијата

    AERO Street Food Festival од денеска до 8 септември во паркот „Авионче“

    AERO Street Food Festival од денеска до 8 септември во паркот „Авионче“

    Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

    Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

    Музејот на македонската борба одбележува 15 години од основањето

    Музејот на македонската борба одбележува 15 години од основањето

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Као Какао“ ја отвора новата театарска сезона во МНТ со две претстави на 10 и 11 септември

    08/09/2026

    Над 15.000 посетители на AERO Street Food Festival, завршницата носи нови музички настапи

    07/09/2026

    На денешен ден во 1962 година започнаа Струшките вечери на поезијата

    06/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.