Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Инспекторка сведочеше за отежнат пристап до кабарето „Пулс“: Не можеше да се помине од паркирани возила
    Хроника

    Инспекторка сведочеше за отежнат пристап до кабарето „Пулс“: Не можеше да се помине од паркирани возила

    17/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сообраќајниот пристап до кабарето „Пулс“ во Кочани бил значително отежнат поради големиот број непрописно и густо паркирани возила, а при една од контролите сопственикот на објектот Дејан Јованов не ја доставил лиценцата за работа на увид, посочи во своето сведочење инспекторката Деспина Симеонова.

    Симеонова, самостоен инспектор во Регионалниот центар за гранични работи Исток – Делчево, денеска сведочеше во судскиот процес против девет полициски службеници обвинети во врска со пожарот во кабарето „Пулс“.

    Таа објасни дека во периодот од 2022 до 2023 година таа и нејзините колеги вршеле редовни контроли во угостителски објекти и хотели, најчесто во ноќните часови.

    Говорејќи за состојбата околу објектот, Симеонова посочи дека пристапот бил отежнат поради големиот број возила.

    „Хаос е, со еден збор – не се поминува. Паркингот што го користи хотелот во близина е целосно исполнет, а на улицата пред дискотеката не може да се помине од паркирани возила“, сведочеше инспекторката.

    Таа потврди дека во текот на една контролна акција била побарана лиценцата за работа на кабарето „Пулс“, по барање на нејзиниот колега Златко Кузмановски, кој бил одговорен за акцискиот план.

    „Во мое присуство беше побарана лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“. Од страна на сопственикот Дејан Јованов документот не ни беше покажан ниту даден на увид. Тој објасни дека е доцна да го бара книговодителот, бидејќи не е во просториите на дискотеката, и дека ќе ја донесе во понеделник“, изјави Симеонова.

    Според нејзиното сведочење, Јованов тогаш посочил дека документите за обновување на лиценцата биле поднесени во Скопје.

    Судскиот процес продолжува со сослушување на нови сведоци.

    Поврзани вести:

    Маж од Кавадарци нашол паричник, ја извадил картичката па си пазарувал: Заработи кривична пријава

    Маж од Кавадарци нашол паричник, ја извадил картичката па си пазарувал: Заработи кривична пријава

    Осумнаесетгодишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

    Осумнаесетгодишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

    Тешко повредена 76-годишна жена по удар од товарно возило во Струга

    Тешко повредена 76-годишна жена по удар од товарно возило во Струга

    Тепачка меѓу две девојки во центарот на Скопје, кога пристигнала полицијата им се нафрлиле на службениците

    Тепачка меѓу две девојки во центарот на Скопје, кога пристигнала полицијата им се нафрлиле на службениците

    Пресметка меѓу две семејства во Тетово по закани кон 22-годишна девојка

    Пресметка меѓу две семејства во Тетово по закани кон 22-годишна девојка

    Во тек потрага по исчезнат 32-годишен скопјанец во Охрид, пронајдени му се телефонот и чамецот

    Во тек потрага по исчезнат 32-годишен скопјанец во Охрид, пронајдени му се телефонот и чамецот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    кабаре кочани несреќа пулс сведочење трагедија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Маж од Кавадарци нашол паричник, ја извадил картичката па си пазарувал: Заработи кривична пријава

    17/09/2026

    Осумнаесетгодишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

    17/09/2026

    Тешко повредена 76-годишна жена по удар од товарно возило во Струга

    17/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.