Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски како претседател на ЗЕЛС заедно со колегата од Хрватска, Иван Гулам, копретседаваше со 26. седница на Заедничкиот консултативен комитет, чиј домаќин е Скопје.
-Како градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, мојата порака е јасна, дека европската иднина се гради во секоја општина, во секое населено место, на секоја улица. Таа треба да се почувствува преку поквалитетни услуги, современа инфраструктура, ефикасни институции и достоинствен живот за секој човек. Токму затоа, силните и финансиски стабилни општини се темел на развојот, нагласи Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека преку партнерството со Владата, локалните приоритети се претвораат во конкретни проекти, а со поддршката за инфраструктурни вложувања се создаваат услови за решавање на проблемите со кои граѓаните се соочувале со децении.
Ѓорѓиевски нагласи дека од европските партнери очекува силна поддршка за македонската европска перспектива и поголем пристап до финансиските инструменти на Европската Унија за развој на општините за да можат граѓаните да останат во сопствената земја.
