Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници
    Некатегоризирано

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    05/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, Град Скопје и општините Кисела Вода и Аеродром им оддадоа признание на најуспешните наставници од основните училишта, наградувајќи ја нивната посветеност, професионалност и придонес во образованието.

    На свеченоста организирана од Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им врачи признанија на наставници кои во изминатата година се истакнале со својата работа, професионален развој и постигнати резултати.

    Тој истакна дека учителите оставаат трајна трага во животот на секој ученик, нагласувајќи дека нивната посветеност и знаење претставуваат инспирација за младите генерации и основа за нивниот понатамошен успех.

    Во Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска им додели признанија на 18 просветни работници за нивниот исклучителен придонес во наставниот процес. Изборот бил спроведен преку јавен оглас и стручна комисија, врз основа на резултатите на учениците на државни натпревари и континуираното стручно усовршување на наставниците.

    Стаменкоска-Трајкоска порача дека образованието е благородна мисија која бара љубов, трпение и посветеност, додавајќи дека Општина Кисела Вода ќе продолжи да биде партнер на наставниците во создавањето подобри услови за работа.

    Во Општина Аеродром, признанија и парични награди од по 10.000 денари добија најдобрите наставници од осумте основни училишта. Наградите им ги врачи градоначалникот Дејан Митески, кој им се заблагодари за нивната професионалност, посветеност и љубовта со која ја извршуваат една од најодговорните професии.

    Поврзани вести:

    Зградата „Нова Македонија“ повторно има струја, вработените се враќаат на работа

    Зградата „Нова Македонија“ повторно има струја, вработените се враќаат на работа

    Ракетен напад врз танкер кај Катар, има загинати и повредени

    Ракетен напад врз танкер кај Катар, има загинати и повредени

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    До 500 училишта затворени низ Франција поради ученичките протести

    До 500 училишта затворени низ Франција поради ученичките протести

    Синер се повлече од Мастерсот во Шангај поради повреда на коленото

    Синер се повлече од Мастерсот во Шангај поради повреда на коленото

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    град скопје наставници признание професори
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Зградата „Нова Македонија“ повторно има струја, вработените се враќаат на работа

    07/10/2026

    Ракетен напад врз танкер кај Катар, има загинати и повредени

    07/10/2026

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    07/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.