Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Горан Герасимовски нов потпретседател на СДСМ
    Политика

    Горан Герасимовски нов потпретседател на СДСМ

    24/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, е избран за нов потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), соопшти партијата.

    Од СДСМ информираа дека покрај изборот на Герасимовски за потпретседател, Централниот одбор ги избрал и новите членови на партиските тела. За членови на Централниот одбор се избрани Верица Зурзуровска, Јане Велковски, Николче Мискоски, Александар Поповски и Владимир Михајловиќ, додека Поповски е избран и за член на Извршниот одбор.

    Во составот на партиските структури се избрани и членовите на Советот на СДСМ, кој ќе го предводи професорката Ана Чупеска.

    Герасимовски по изборот се заблагодари за довербата и порача дека во партијата е потребно поголемо единство, дијалог и работа на терен.

    „Различното мислење не треба да нè дели, туку да нè прави посилни. Само сплотени можеме да ги браниме нашите вредности и повторно да ја вратиме довербата на граѓаните. За тоа мора да почнеме од себе – да разговараме повеќе, да се слушаме повеќе и да бидеме повеќе меѓу луѓето“, порача Герасимовски.

    Со новата функција, тој ќе им се приклучи на актуелните потпретседатели на СДСМ, пратеничката Јована Тренчевска и Александар Трајановски.

    Изборот на Герасимовски доаѓа во период на внатрепартиски превирања во СДСМ, по иницијативите од платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“, чија цел, според нејзините иницијатори, е промена на актуелното партиско раководство предводено од Венко Филипче.

    Поврзани вести:

    Собранието повторно расправа за измените на Законот за јавни набавки, поднесени над 2.100 амандмани

    Собранието повторно расправа за измените на Законот за јавни набавки, поднесени над 2.100 амандмани

    ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“

    ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“

    Славески призна дека Мицкоски ја донел одлуката за „Алта банка“, на потег е ЈО, кажа Димитријевиќ

    Славески призна дека Мицкоски ја донел одлуката за „Алта банка“, на потег е ЈО, кажа Димитријевиќ

    СДСМ обвини за доцнење на плати во ЕСМ и проблеми со општинските плаќања

    СДСМ обвини за доцнење на плати во ЕСМ и проблеми со општинските плаќања

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    СДСМ: Димитриевски му создава алиби на Мицкоски за предвремени избори

    „Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

    „Разговори за иднината во 12:05“ бара државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Собранието повторно расправа за измените на Законот за јавни набавки, поднесени над 2.100 амандмани

    10/11/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека премиерот ја донел одлуката за „Алта банка“

    08/11/2026

    Славески призна дека Мицкоски ја донел одлуката за „Алта банка“, на потег е ЈО, кажа Димитријевиќ

    08/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.