Културно-информативниот центар – Скопје годинава ќе реализира вкупно 31 изложба, седум драмски и 19 литературни проекти, како дел од годишната програма.
Конкурсите за поддршка на проектите беа објавени во средината на јануари. Во ликовната програма се предвидени изложби на домашни и странски автори, вклучително сликарство, скулптура, фотографија, графика и мултимедијални поставки, а во делот на литературата, одобрени се 19 проекти, меѓу кои 17 книжевни промоции и две работилници за креативно пишување. Ќе се поддржат и седум драмски проекти, меѓу кои детски и современи театарски претстави.
КИЦ е една од најголемите културни институции под надлежност на Град Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
