Германија економски паѓа на колена, а експерти најавуваат најтежок бран на стечаи на компаниите во последната деценија.
Според официјалната статистика, во 2025 година се очекуваат да се затворат околу 24.000 фирми, што е повеќе за над 8 отсто во споредба со претходната година, но и највисок број стечајни постапки од 2014 година.
Малите и средните фирми ставаат клуч на врата, работниците остануваат без работа, а јавноста реагира дека додека германските фабрики се затвораат, Владата троши пари за помош на Украина, а истовремено условите за работење се неодржливи, поради скапата струја и прекинатиот пристап до евтиниот руски гас.
Само во ноември, годинава бројот на стечаи скокнал за дополнителни 18% во однос на претходниот месец, што ја потврдува забрзаната спирала на економскиот пад.
Германија веќе трета година по ред се наоѓа во рецесија, а идеолошката заслепеност и русофобијата, според дел од аналитичарите, ја довеле земјата во точка каде средната класа се распаѓа, а власта која го чека падот на Русија сега ја гледа сопствената економија како се распаѓа.
