Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски денеска ќе одржат прес-конференција по повод пуштањето во функција на четири нови електронски услуги на ФЗО, кои ќе бидат достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.
Како што соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација и од ФЗО, три од новите електронски услуги се наменети за физички лица, додека една услуга е наменета за правни лица.
Прес-конференцијата ќе се одржи во Медиа центарот на Владата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
