Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Филипче: Власта не се грижи за земјоделците и сточарите
    Економија

    Филипче: Власта не се грижи за земјоделците и сточарите

    05/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој денес е во посета на Повардарието, разговарал со земјоделци, лозари, производители на житарици и констатирал дека ситуацијата е алармантна.
    „Во оваа временска ситуација кога растат цените на нафтата, земјоделците се соочуваат со сериозни предизвици. Прво, по прашање на нивната егзистенција, како земјоделци и семејствата кои што преку земјоделството ги издржуваат. И второ, мора да знаеме дека може да се соочиме со сериозен недостаток поради сета оваа криза и негрижата на власта за овој сектор и недостаток на производство на одредени земјоделски култури, посебно житарици, што значи дека во следниот период може да се соочуваме со дополнителен раст на цената на лебот до крајот на годината“ изјави Филипче.

    Тој вели никој не води грижа за наводнувањето, каналите не се исчистени, никој не води грижа за откупните центри кои што ги уценуваат со ниски цени земјоделците, а потоа тоа им е услов да добијат некакви субвенции. Како што кажа Филипче, субвенција е ниска и неисплатена за сточарите, кои имаат висока производна цена поради висока цена на работната рака, водата, ѓубрињата.

    „Ако згора ако ги ставиме дека ги нема дополнителните пари преку ИПАРД програмата, поради тоа што од власта Европа ги фати како тие пари ги крадат, брутално, од џебот на земјоделецот. Ние во следниот период, имајќи предвид нивните барања ќе предложиме неколку предлог закони, како што тоа го направивме лани, што за жал власта го одбија тоа беше зголемена откупна цена по килограм грозје. Искрено се надевам иако не верувам, дека од оваа власт ќе наидеме на разбирање и дека ќе се обезбеди некаква помош за земјоделците“ посочи Филипче.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.