Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»ЕУ воведува високи царини за Тему, Шеин и АлиЕкспрес
    Економија

    ЕУ воведува високи царини за Тему, Шеин и АлиЕкспрес

    14/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираше промена на Регулативата за царини. Со оваа измена би се укинала тековната регулатива за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра.

    Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука би требало да биде усвоена “што е можно побрзо” за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година.

    Во реалноста, тоа ќе значи дека по одобрувањето на измените, жителите на ЕУ за секоја нарачка од кинеските сајтови за електронска трговија, како Тему, Шеин или Али Експрес, ќе мора да плаќаат царини според утврдените царински давачки што важат за сите стоки кои се увезуваат во Унијата.

    Моментално, за пакети на производи во вкупна вредност до 150 евра нарачани преку кинеските онлајн продавници, жителите на ЕУ не плаќаат царини.

    Првично беше планирано ова правило да биде укинато по стапувањето во функција на Царинскиот центар на ЕУ. Станува збор за централизирана платформа на ЕУ за интеракција на царинските управи на земјите членки и за зајакнување на контролите на увозот на стоки, која се очекува да започне со работа во 2028 година во рамки на пошироката реформа на Царинската рамка на ЕУ.

    Во објаснувањето на Советот за предлагање на измените на правилото за наплата на царини се наведува дека на овој начин ЕУ има за цел да создаде “еднакви услови” за работа помеѓу странските и европските онлајн трговци на мало.

    Според податоците на Европската комисија, во 2024 година 65 проценти од 4,6-те милијарди пратки кои влегле во ЕУ биле ослободени од царински давачки, при што дури 91 отсто од нив отпаѓале на стоки од Кина нарачани преку сајтовите за е-трговија.

    Европските трговци тврдат дека ваквата пракса им создава проблем со нелојалната конкуренција, а дополнително предизвикува и загриженост за заштитата на животната средина.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.