Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Kаја Калас, ја осуди вчерашната забрана на израелската полиција за пристап до црквата во Ерусалим, оценувајќи ја како прекршување на верските слободи. Таа кажа дека слободата на вероисповед во Ерусалим мора целосно да биде гарантирана, без исклучоци, за сите религии.
Претходно, израелскиот министер за надворешни работи соопшти дека безбедносните мерки во Стариот град на Ерусалим се „директна последица од иранските ракетни напади” и оти ризикот од големи напади во тој дел е особено висок поради густата населeност и тешкотијата за брза реакција
во случај на инцидент.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
