Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Дора Бакојани открива: Јас лично го напишав заклучокот со кој Македонија остана без покана за НАТО во Букурешт
    Свет

    Дора Бакојани открива: Јас лично го напишав заклучокот со кој Македонија остана без покана за НАТО во Букурешт

    29/11/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани во својата автобиографија открива детали од дипломатските разговори што му претходеле на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога Македонија не доби покана за членство во Алијансата поради нерешениот спор за името со Грција.

    Во автобиографијата „Една жена“, чиј извадок е објавен во викенд-изданието на грчкиот весник „Та неа“, Бакојани тврди дека лично ја напишала формулацијата на заклучокот со кој приемот на Македонија во НАТО беше условен со постигнување заемно прифатливо решение за спорот за името.

    Според нејзиното сведоштво, само неколку дена пред самитот, тогашната американска државна секретарка Кондолиза Рајс побарала од Грција да го прифати членството на Македонија во НАТО под привремената референца ПЈРМ.

    „Само преку мене мртва“, ѝ одговорила Бакојани на Рајс, според нејзиното раскажување.

    Поранешната шефица на грчката дипломатија тврди дека кон крајот на самитот во Букурешт ѝ пришол американски маринец, кој дискретно ѝ пренел порака од Рајс со барање лично да го формулира текстот на заклучокот што се однесувал на Македонија.

    РЕКЛАМА

    Бакојани го напишала предлогот и му го подала на тогашниот грчки премиер Костас Караманлис, кој седел до неа. Тој се согласил со предложената формулација, но ја прашал дали навистина верува дека останатите членки на Алијансата ќе ја прифатат.

    Американскиот маринец потоа ѝ го однел текстот на Кондолиза Рајс, која, според Бакојани, го прочитала и со климање на главата сигнализирала дека се согласува со неговата содржина.

    Во автобиографијата Бакојани се навраќа и на настаните од 29 март 2008 година, кога во Љубљана присуствувала на состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија.

    Тогашниот германски министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер ја предупредил дека ќе добие телефонски повик од Кондолиза Рајс и дека американската државна секретарка е лута.

    Откако од американскиот Стејт департмент бил најавен разговорот, Бакојани повикала тројца свои соработници да присуствуваат и да водат белешки.

    РЕКЛАМА

    Според нејзината верзија на настаните, Рајс инсистирала Грција да се согласи Македонија да стане членка на НАТО под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“, бидејќи проширувањето на Алијансата било еден од приоритетите на администрацијата на тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш.

    Бакојани открива дека уште во јули 2007 година со Караманлис постигнале согласност за грчката преговарачка позиција, според која Атина би прифатила сложено име со географска одредница за севкупна употреба. Сепак, нивниот услов бил спорот за името да биде решен пред Македонија да добие покана за членство во НАТО.

    Во книгата таа раскажува и за приватен разговор со Караманлис непосредно пред самитот, кога го прашала дали постои нешто, вклучително и од неговиот приватен живот, што би можело да биде искористено за евентуална уцена или притисок врз него. Тогашниот грчки премиер ѝ одговорил дека не постои такво нешто.

    РЕКЛАМА

    Поранешната грчка министерка се осврнува и на средбата со тогашниот македонски премиер Никола Груевски, одржана во март 2008 година, во рамките на собир на Европската народна партија.

    Бакојани ја опишува средбата како една од најнепријатните во нејзината политичка кариера, тврдејќи дека Груевски во текот на целиот разговор гледал во своите чевли и ниту еднаш не го кренал погледот.

    Таа се навраќа и на преговорите од 17 март 2008 година во Виена, кога тогашниот посредник на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, им претставил на преговарачите повеќе предлози за негово надминување.

    Според Бакојани, дел од понудените решенија биле прифатливи за грчката страна, но македонските претставници ги одбиле со образложение дека истите предлози веќе биле разгледувани и отфрлени во претходните преговарачки процеси.

    Сведоштвото на Бакојани претставува нејзина лична верзија на дипломатските случувања и разговорите зад затворени врати што му претходеле на самитот во Букурешт, на кој Македонија остана без покана за членство во НАТО.

    Поврзани вести:

    Хаос во Тирана: 47 повредени и 18 приведени на протестот против Еди Рама

    Хаос во Тирана: 47 повредени и 18 приведени на протестот против Еди Рама

    Избори во Шпанија, се очекува десницата да ја преземе власта

    Избори во Шпанија, се очекува десницата да ја преземе власта

    Нов масовен украински напад со дронови врз Русија

    Нов масовен украински напад со дронови врз Русија

    Видеа од хаосот во Тирана: Се бара оставка од Еди Рама

    Видеа од хаосот во Тирана: Се бара оставка од Еди Рама

    Американска воена база во Англија нападната со дронови

    Американска воена база во Англија нападната со дронови

    (Видео) Два боинга се судриле при полетување на аеродром во Вашингтон

    (Видео) Два боинга се судриле при полетување на аеродром во Вашингтон

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Хаос во Тирана: 47 повредени и 18 приведени на протестот против Еди Рама

    29/11/2026

    Избори во Шпанија, се очекува десницата да ја преземе власта

    29/11/2026

    Нов масовен украински напад со дронови врз Русија

    29/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.