Четири лица се повредени, а две се водат како исчезнати по силната експлозија што денеска се случи во станбена зграда во германскиот град Регенсбург.
Според првичните информации од германската полиција и пожарникарските служби, експлозијата предизвикала голема материјална штета и делумно уривање на зградата.
На местото на несреќата веднаш пристигнале бројни пожарникари, спасувачки тимови со кучиња трагачи и медицински екипи, кои работат на пребарување на урнатините и згрижување на повредените.
Надлежните институции соопштија дека причините за експлозијата сè уште не се познати и дека е започната истрага за утврдување на околностите што довеле до инцидентот.
Во меѓувреме, поширокото подрачје околу зградата е целосно обезбедено, а пристапот е ограничен поради безбедносни причини додека трае спасувачката операција.
