Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Брнабиќ тврди дека се подготвува „хајка за апсење“ на Вучиќ
    Свет

    Брнабиќ тврди дека се подготвува „хајка за апсење“ на Вучиќ

    28/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ, обвини дека се подготвува „хајка за апсење“ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

    Таа оцени дека целта на постапката не е утврдување на одговорноста за трагедијата во Нови Сад, туку, како што тврди, политичко отстранување на Вучиќ.

    Брнабиќ реагираше преку социјалната мрежа „Икс“ по информациите за можноста Вучиќ да биде сослушан и евентуално уапсен во рамките на истрагата за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

    „Ветуваа револуционерен терор, гледаме револуционерен терор“, напиша таа, обвинувајќи дека Вучиќ бил мета на напади и невистини за време на изборниот молк, вклучително и за неговото семејство.

    Брнабиќ праша зошто, според неа, не биле сослушани или осомничени членовите на Ревизионата комисија, за кои тврди дека го контролирале проектот и дале согласност без дополнителни проверки.

    Таа посочи дека Вучиќ се поврзува со случајот поради информациите што ги имал за реализацијата на проектот, но оцени дека истрагата има политичка заднина.

    „Овде целта е да се замолчи и отстрани Александар Вучиќ, а не да се дојде до правда“, порача Брнабиќ и најави дека СНС ќе се спротивстави на, како што го нарече, „револуционерниот терор“.

    Во јавноста засега нема потврда дека е донесена одлука за апсење на Вучиќ, ниту се наведени конкретни обвиненија против него во рамките на овој случај.

    Поврзани вести:

    Експлозија во станбена зграда во Германија: Четворица повредени, две лица се водат како исчезнати

    Експлозија во станбена зграда во Германија: Четворица повредени, две лица се водат како исчезнати

    Земјотрес од 5,5 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хоншу

    Земјотрес од 5,5 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хоншу

    Директорката на РТС поднесе оставка по барањата за промени во јавниот сервис

    Директорката на РТС поднесе оставка по барањата за промени во јавниот сервис

    Трагедија во Шпанија: Најмалку 64 загинати и 80 повредени во судир на два брзи воза

    Трагедија во Шпанија: Најмалку 64 загинати и 80 повредени во судир на два брзи воза

    Србија го подигна највисокото ниво на безбедносна закана по нападот кај израелската амбасада

    Србија го подигна највисокото ниво на безбедносна закана по нападот кај израелската амбасада

    Трамп најави забрана на терминот „вештачка интелигенција“

    Трамп најави забрана на терминот „вештачка интелигенција“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Експлозија во станбена зграда во Германија: Четворица повредени, две лица се водат како исчезнати

    28/10/2026

    Земјотрес од 5,5 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хоншу

    28/10/2026

    Директорката на РТС поднесе оставка по барањата за промени во јавниот сервис

    28/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.