Една од највпечатливите македонски актерки од театарската, филмската и телевизиската сцена, Дубравка Киселички, денес го одбележува својот 61. роденден.

Родена на 26 февруари 1965 година во Скопје, Киселички со децении е дел од културниот живот во земјава и важи за едно од најпрепознатливите лица од серијалот „Македонски народни приказни“, кој остави силен белег во домашната телевизиска продукција.

Таа дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1987 година, на отсекот за актерска игра, во класата на истакнатите професори Љубиша Георгиевски и Слободан Унковски. Образованието го поставило темелот за нејзината богата и разновидна кариера, која опфаќа бројни театарски улоги, телевизиски проекти и филмски остварувања.
Со својата препознатлива сценска енергија и автентичен израз, Киселички останува едно од имињата што ја одбележаа македонската драмска уметност.
