Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Државата привремено ќе ангажира 400 невработени за гасење на пожари
    Некатегоризирано

    Државата привремено ќе ангажира 400 невработени за гасење на пожари

    07/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Четиристотини невработени лица ќе бидат привремено ангажирани за превенција на ризиците од пожари преку мерката „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“ во рамки на Оперативниот план за вработување. За ангажманот ќе добиваат по 24 илјади денари месечно, а оние што ќе покажат добри резултати, подготвеност и посветеност, по завршувањето на оваа мерка ќе бидат трајно вработени во противпожарните единици во општините или во  соодветните институции.

    Со мерката ќе бидат опфатени 14 општини низ државава кои имаат територијални противпожарни единици (ТППЕ). Тие ќе ги објават повиците на  кои кандидатите ќе треба да се пријават. Услов е тие да бидат психофизички подготвени и да немаат здравствени проблеми.

    Портпаролката на Владата Марија Митева истакна дека „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“ првпат се воведува во државава и со неа, рече, се прави значаен исчекор зашто се пристапува проактивно, а не како досега реактивно во заштита од пожари и зачувување на животната средина.

    -Наместо да дејствуваме несинхронизирано и откако штетите се веќе направени, денес почнуваме со процес на навремена подготовка, превенција и мобилизација на ресурси и луѓе … Оваа мерка има двоен ефект – еколошки и социјален затоа што даваме конкретна поддршка на ранлива категорија граѓани односно невработени, рече Митева на прес-конференција во Владата.

    Додаде дека локалните самоуправи ќе имаат активна улога во спроведувањето на повиците, затоа што, рече, „борбата против пожарите е одговорност што ја споделуваме –  од централно, до најлокално ниво“. Ги повика сите граѓани, „особено оние кои бараат можност да придонесат кон општото добро и да стекнат корисно работно искуство, да се пријават преку своите општини“.

    Струмица и Кочани не аплицирале за оваа мерка. Прашана дали причините се можеби политички, портпаролката Митева одговори дека се работи за општо добро каде што политиката не треба да има место.

    -Не би сакала да верувам дека е така, иако можеби има политичка логика. Повикот е за општо добро и се однесува на сите граѓани, политиката не треба да има примат и жалам ако е тоа така, додаде Митева.

    Повик да се пријават на огласите од општините, особено млади луѓе, упати и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Очекува на огласот на Општина Кисела Вода да се пријават од 80 до 100 лица и тие, рече, ќе бидат распоредени во тимовите за брз одговор на ДЗС и ќе имаат кратка обука.

    -Потоа, од најдобрите од нив ќе одбереме луѓе за најдобрата единица која е во тек на формирање, наречена специјална единица за заштита и спасување. Можеби сумата не е примамлива на прв поглед, но сите кои ќе се пријават на огласот на територијата на целата држава и притоа ќе покажат особен успех во справувањето со пожарите, ќе имаат можност професионално да бидат вработени во некоја од ТППЕ низ државата, рече Ангелов.

    Иницијативата на Владата ја поздрави и директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ, која смета дека состојбата со превенирање на пожарите во државава се подобрува со новите возила кои беа претставени вчера и со овој повик за ангажирање 400 луѓе.

    -Според моите информации, во моментот во општините има меѓу 700 и 800 вработени пожарникари. Дел од нив платите ги добиваат преку блок-дотации од Министерството за одбрана, а дел од нив се уште примаат плати од општинските пари. Вкупната бројка потребна да се исполнат сите услови согласно законот е нешто повисока од 1500 пожарникари. Значи двојно повеќе од она што го имаме сега. Половина од проблемот ќе се реши на овој начин, со 400 нови вработувања. Се надевам дека доколку покажат добри резултати тие ќе останат да бидат дел од противпожарните единици, истакна Перишиќ. 

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Коњановски: Битола испрати помош за поплавените подрачја во Кичево

    Коњановски: Битола испрати помош за поплавените подрачја во Кичево

    Поплави во Црна Гора, Котор е целиот под вода

    Поплави во Црна Гора, Котор е целиот под вода

    Коњановски: Младинскиот центар во Битола отвора нови можности за учениците

    Коњановски: Младинскиот центар во Битола отвора нови можности за учениците

    Украина во мај ќе организира претседателски избори заедно со референдум за одобрување на мировен договор со Русија

    Украина во мај ќе организира претседателски избори заедно со референдум за одобрување на мировен договор со Русија

    Бегалец од затворот во Струмица пронајден и лишен од слобода

    Бегалец од затворот во Струмица пронајден и лишен од слобода

    Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

    Поради магла намалена видливост на неколку патни правци

    македонија пожари
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Коњановски: Битола испрати помош за поплавените подрачја во Кичево

    16/02/2026

    Поплави во Црна Гора, Котор е целиот под вода

    16/02/2026

    Коњановски: Младинскиот центар во Битола отвора нови можности за учениците

    13/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.