Денешните мерења покажаа дека за три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, споредено со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти со вчерашните.
Добро е тоа!
Дождот во последните триесетина дена „работи” вредно и му помага на Езерото да не пресуши, затоа што само пред неколку месеци, жителите на околните места, но и еколозите алармираа дека Преспа снемува вода, популарни плажи се претворени мали мучуришта.
Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метри понизок од просекот за јануари. Тоа е премногу. Затоа треба да почнат да работат и надлежните, а не да чекаат дождот да им ја заврши работата. Потребни се итни мерки, краткорочни и долгорочни за целиот регион да се спаси од еколошка катастрофа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
