Има иницијатива од градоначалникот на Скопје за намалување на бројот на членовите на управни и надзорни одбори во градските јавни претпријатија. Воедно тртеба да има и намалување на месечните паушали.
Добра иницијатива. Ако веќе не се искористи можноста пред овие локални избори да се намали бројот на советници, ајде барем ова е добро како почеток на штедење на градските пари.
Зошто им се јавните претпријатија по десетина-петнаесет членови на одборите, ако работата може да се заврши и со помалку, со тројца до петмина, на пример.
Треба конечно да заврши праксата преку обемните управни одбори и дебелите незаработени паушали, партиите да си ги вдомуваат своите сопартијци.
И секако, ова треба да продолжи и во општините, но и во државните претпријатија.
