Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).
доколку утврди дека:
•во претходната календарска година, даночниот обврзник поднесувал даночни пријави без искажан данок за извршен промет и без искажан претходен данок за одбивање;
•во двете претходни календарски години, даночниот обврзник поднесувал даночни пријави без искажување на данок за извршен промет, со исклучок кога во истите периоди во даночните пријави искажува само промет ослободен од данок со право на одбивка или претходен данок кој произлегува од промет на инвестициони добра извршен кон даночниот обврзник или увезени од него;
•даночниот обврзник не може да се најде на пријавената адреса и на адресата за вршење на деловни активности;
•даночниот обврзник не поднесувал даночна пријава за најмалку два даночни периоди кај месечните или тримесечните даночни обврзници;
•кај даночниот обврзник претходно е идентификувано даночно затајување.
За дополнителни информации, правните и физичките лица може да се обратат во Контакт Центарот на УЈП на:
info@ujp.gov.mk или преку телефонските броеви:
•Од фиксна линија: 0800 33 000
•Од мобилен телефон: 02 3253 200
