Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Димитриеска-Кочоска ја повика опозицијата на средба: Економијата се води со бројки, не со паника
    Економија

    Димитриеска-Кочоска ја повика опозицијата на средба: Економијата се води со бројки, не со паника

    23/05/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на опозицијата на средба во Министерството за финансии, со цел, како што истакна, јавно да се презентираат фактите и реалната состојба во македонската економија.

    Таа оцени дека во јавноста се пласираат неточни информации и погрешни толкувања за економските состојби, нагласувајќи дека економските политики треба да се темелат на конкретни показатели, а не на политички оценки.

    Според министерката, во периодот од 2017 до 2024 година просечниот економски раст изнесувал околу 1,8 проценти, додека јавниот долг пораснал од 4,78 милијарди на околу 9 милијарди евра. Таа посочи дека актуелната Влада наследила високо ниво на задолженост и нарушена финансиска состојба, но оти сега економијата бележи раст од над три проценти, зголемување на платите и повисоко ниво на инвестиции.

    Димитриеска-Кочоска истакна дека Министерството води внимателна политика за управување со јавниот долг и паралелно работи на сервисирање на старите обврски и финансирање на развојни проекти. Според неа, во изминатиот период биле обезбедени повеќе од 1,2 милијарди евра за отплата на претходни задолжувања.

    Таа нагласи дека државата навремено ги сервисира обврските што доспеваат во 2025 и 2026 година, додека истовремено обезбедува средства за капитални инвестиции, раст на платите и пензиите и одржување на економската стабилност.

    Во однос на критиките од опозицијата, министерката оцени дека тие се базираат на неточни интерпретации на јавно достапни податоци и порача дека економските резултати ќе бидат најдобар одговор на политичките обвинувања.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.