Денеска на сметките на граѓаните што во ноември пред две години купиле државни обврзници ќе им легнат парите од основица, плус камата.
Министерството за финансии информираше дека ќе бидат исплатени средствата од обврзницата во износ од 17,6 милиони евра, плус камата од 880.000 евра.
Граѓанската обврзница како нов инструмент за поддршка на буџетот беше воведен во 2023 година. Досега се издадени 2 емисии обврзници во вкупен износ од 41,1 милион евра. Во тек е подготовка за издавање на нова обврзница.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
