Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека денеска на повеќе локации во главниот град ќе се изведуваат активности од страна на ЈП „Водовод и канализација“, поради што дел од корисниците ќе останат без вода.
Во населбата Трубарево, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „2“ број 19, прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите од населбата. Прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.
Во населбата Влае, поради поставување водоводен приклучок на улицата „Франце Прешерн“ број 92, без вода ќе останат дел од корисниците на улиците „Франце Прешерн“ и „Влае“. Прекинот ќе започне од 08:30 часот.
Прекин на водоснабдувањето ќе има и во делови од Кисела Вода, каде што на улицата „Иван Козаров“ број 2 ќе се изведува водоводен приклучок со пречник од 200 милиметри.
Без вода ќе останат корисниците од улиците „Иван Козаров“, делови од „Георги Димитров“, „Вера Јоциќ“, „Божидар Аџија“, „Киро Крстевски“, „Мишко Михајловски“, „Боте Боцевски“ и дел од улицата „Димо Хаџи Димов“. Прекинот ќе започне од 09:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата.
