Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Делчево започнува подготовка за воведување зонско паркирање
    Република

    Делчево започнува подготовка за воведување зонско паркирање

    17/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Општина Делчево официјално ја започна постапката за изработка на сообраќајна студија со идеен сообраќаен проект и анализа, која треба да ги утврди можностите за воведување зонско паркирање на подрачјето на градот.

    Договорот со компанијата „24 ИНГ“ ДООЕЛ увоз-извоз Битола, избрана како најповолен понудувач во постапката за јавна набавка, го потпиша градоначалникот Иван Гоцевски.

    Студијата ќе содржи детална стручна анализа за организацијата на паркирањето, предлог-решенија за воведување зонско паркирање, како и мерки за подобрување на сообраќајниот режим, особено во централното градско подрачје. Во рамки на проектот ќе биде изработен и идеен сообраќаен проект, кој треба да понуди најсоодветни решенија согласно реалните потреби и услови во Делчево.

    Рокот за изработка на студијата е 12 месеци, а вредноста на договорот изнесува 600.000 денари без пресметан ДДВ.

    Од Општина Делчево истакнуваат дека со овој проект се прави значаен чекор кон воспоставување поуреден систем на паркирање и подобра организација на сообраќајот, при што сите идни решенија ќе бидат засновани на стручни анализи и проектна документација.

    Градоначалникот Иван Гоцевски нагласи дека целта е Делчево да добие современи и функционални решенија за подобро искористување на расположливиот простор во централното градско подрачје. Според него, уредениот сообраќај и регулираното паркирање ќе придонесат за помал метеж, поголема безбедност и поквалитетно секојдневие за граѓаните.

    Поврзани вести:

    Распуштена единицата за борба против дрога при СВР Куманово поради незадоволителни резултати

    Распуштена единицата за борба против дрога при СВР Куманово поради незадоволителни резултати

    ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата на Јотова за проблемите со регистрацијата на македонските здруженија

    ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата на Јотова за проблемите со регистрацијата на македонските здруженија

    Вториот пешадиски баталјон во Штип го одбележа Денот на единицата

    Вториот пешадиски баталјон во Штип го одбележа Денот на единицата

    ДЗР: Работните спорови ја чинеле државата над 64 милиони евра за шест години

    ДЗР: Работните спорови ја чинеле државата над 64 милиони евра за шест години

    Се реконструира објект во Касарната „Гоце Делчев“

    Се реконструира објект во Касарната „Гоце Делчев“

    Младите во Македонија си одат од дома по 30-тата година, ЕУ просекот е 26,3 години

    Младите во Македонија си одат од дома по 30-тата година, ЕУ просекот е 26,3 години

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Распуштена единицата за борба против дрога при СВР Куманово поради незадоволителни резултати

    17/09/2026

    ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата на Јотова за проблемите со регистрацијата на македонските здруженија

    17/09/2026

    Вториот пешадиски баталјон во Штип го одбележа Денот на единицата

    17/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.