Центарот за управување со кризи информира дека до 7:30 часот утринава на територијата на Македонија биле евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Во моментов нема активни пожари, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати.
Под контрола останува пожарот што избувна во атарот на селото Белица, на местото викано Кајорец, во Општина Македонски Брод, а потоа се прошири кон подрачјето Јасен во Општина Сопиште. Зафатени се нискостеблеста и мешана шума.
Во текот на изминатото деноноќие целосно се изгаснати 11 пожари на повеќе локации низ државата.
Интервенции имало во Општина Теарце кај селото Нераште, каде горело ѓубре, во Општина Свети Николе кај селото Ерџелија, каде биле зафатени ниска вегетација и отпад, како и во Општина Велес, кај селата Раштани и Белештевица, каде горела ниска вегетација.
Пожари биле изгаснати и во Општина Карпош на Кејот на Вардар, во Општина Сарај кај селото Долно Свиларе, каде биле зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и во Општина Гази Баба кај селото Трубарево.
Дополнително, интервенции имало во Општина Долнени кај селото Десово, во Општина Битола во близина на „Економијата“ кај затворот, во Општина Куманово кај селото Агино Село, во Општина Илинден кај селата Дељадровци и Мршевци, како и во Општина Гази Баба кај селото Стајковци, каде во сите случаи горела претежно ниска вегетација.
