Mакедонија се празни со население, но во исто време се полни со новоизградени станови. Последните податоци покажуваат дека е зголемен бројот на дозволите за нови градби. Во септември се издадени 314 одобренија за градење, што споредено со состојбата од пред една година е повеќе за 6,1 насто.
По бројноста на дозволите предничи Полошкиот Регион, а потоа следи Скопје. Сепак, на просторот во и околу главниот град ќе бидат изградени најмногу станови – 332, додека во Полошкиот Регион се предвидени 150.
Ова зголемено градење ќе ги намали неподносливо високите цени на становите или не? Во Скопје веќе има станови и по цена од 3.000 евра по квадрат. Прашање е како младите ќе стекнуваат свој кров над глава за да формираат свои семејства. Време е државните органи посериозно да се бават со овој проблем. Владата најави изградба на државни станови, што ќе се продаваат по поевтина цена, до каде е таа работа? Можат да се донесат и други мерки и за тоа треба да се побрза, оти младите брзаат да ја напуштаат Македонија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
