Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Цените на нафтата паднаа по договорот меѓу САД и Иран
    Економија

    Цените на нафтата паднаа по договорот меѓу САД и Иран

    15/06/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Цените на нафтата денеска забележаа значителен пад на азиските берзи по објавата дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства.

    Нафтата од типот „Брент“ поевтини за 3,8 проценти и се тргуваше по цена од 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта забележа пад од 4,1 процент, достигнувајќи цена од 81,40 долари за барел.

    Веста за договорот првично ја објави Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на конфликтот, а подоцна ја потврди и американскиот претседател Доналд Трамп.

    Според Трамп, договорот предвидува и повторно отворање на Ормуската Теснина, една од најважните светски поморски рути преку која се транспортира значителен дел од глобалната нафта.

    „Нека потече нафтата!“, порача Трамп преку својата социјална мрежа.

    Ормуската Теснина беше практично затворена за пловидба по почетокот на воздушните напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, што предизвика силен раст на цените на енергенсите на светските пазари.

    Пред почетокот на конфликтот, нафтата „Брент“ се тргуваше по цена од околу 70 долари за барел. Во текот на борбите цената достигна и до околу 120 долари за барел, а најновите информации за прекин на непријателствата донесоа олеснување на енергетските пазари и пад на цените.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.