Општина Ѓорче Петров наскоро ќе започне со целосна реконструкција на улицата „44“ во населбата Кисела Јабука, со што ќе се подобрат условите за сообраќај, безбедноста и квалитетот на живот на жителите.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, информираше дека проектот има за цел да обезбеди подобра инфраструктура и посигурно движење за сите граѓани.
„Улица 44 во Кисела Јабука добива целосна реконструкција, со што создаваме подобри услови, побезбедно движење и поквалитетно секојдневие за сите жители“, истакна Стојковски.
Тој нагласи дека развојот на инфраструктурата останува еден од главните приоритети на општината, посочувајќи дека локалната самоуправа продолжува со реализација на проекти кои директно ги решаваат секојдневните потреби на граѓаните.
