Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    Економија

    Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч

    22/04/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во рамки на официјалната посета на Австрија, владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав е и министерката Сања Божиновска, оствари средба со канцеларот на Австрија, Кристијан Штокер.

    Фокусот на разговорите беше ставен на економијата, енергетската сигурност и регионалната стабилност, при што беше потенцирана поддршката за европската интеграција на Македонија и важноста од зајакнување на енергетската поврзаност.

    Во рамки на политичкиот состанок, на кој присуствуваа и претставници на австриската влада, се отворија теми поврзани со зелената транзиција, одржливите политики и новите енергетски модели.

    Министерката Божиновска порача:

    „Енергетиката денес е прашање на стабилност, безбедност и геополитичка позиција. Македонија има јасна амбиција да се позиционира како регионален енергетски јазол, преку интерконективност, диверзификација и силен инвестициски циклус во обновливи извори. Нашата порака е јасна – ние сме партнер што нуди предвидливост, стабилност и конкретни можности за инвестиции.“

    Во продолжение на посетата, делегацијата одржа и економски состанок со претставници на водечки австриски компании, при што беа разгледани конкретни можности за инвестиции, технолошки трансфер и продлабочување на економската соработка.

    Средбите испратија јасна порака дека економската соработка меѓу двете земји има силен потенцијал за раст, со конкретен интерес за нови инвестиции и долгорочно партнерство.

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Со чии акции најмногу се тргувало на Македонска берза изминатава седмица?

    26/04/2026

    Божиновска: Македонија има млади кои знаат што сакаат

    25/04/2026

    Николовски најави дека автопатот Кичево – Охрид се финишира и оти ќе биде комплетно во функција во најавениот рок

    25/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.