На 23 јануари во МОБ ќе биде изведен балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари”, дело во два чина инспирирано од безвременскио роман на Гистав Флобер. Главната улога и е доверена на примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан. Кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина.
Безвремснкото дело на Флобер преку балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес.-наведуваат од Националната опера и балет.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
