Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Мисајловски: Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана
    Република

    Мисајловски: Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана

    18/08/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонската Армија денеска го слави својот 33-ти роденден, а тоа се 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните, истакна во свое обраќање на централната свеченост по повод одбележувањето на Денот на Армијата – 18 Август во Касарната „Јане Сандански“министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

    -Денес, можам да потврдам дека столбовите на кои ја градиме Армијата и одбранбените сили стојат цврсто. Буџетирањето на одбраната е на високо ниво, а така и ќе продолжиме: Силно сме посветени да ја зајакнеме нашата одбрана со исполнување на заложбите за инвестиции во одбранбените ресурси согласно одлуките на Самитот на НАТО во Хаг, и сакам да се заблагодарам на Премиерот и на Владата за целата поддршка. Инвестициите во одбраната ги гледаме на дело. Средствата кои граѓаните ги вложуваат во нашата одбрана ги инвестираме плански и домаќински. А, резултатот го гледаме пред нас – во новите лесни оклопни и инженериски возила, во новите артилериски орудија „Боран“ кои неодамна ги промовиравме, во нова и напредна опрема која ни овозможува да кажеме: македонската Армија е НАТО Армија – вели Мисајловски.

    Тој додаде дека минатата недела пристигнаа уште 29 нови лесни оклопни возила од американско производство со што бројот на овој тип возила наменети за македонската Армија се искачи на 67 од вкупно 96 кои се предмет на набавка. Министерот Мисајловски најави и дека годинава, арсеналот на возила ќе се зајакне и со пристигнување на дел од оклопните возила Stryker.

    -Набавуваме и опрема за пешадија како вооружување со мал калибар – автоматски пушки, митралези, фрлачи на гранати, униформи, чизми и се што е потребно за нашите припадници беспрекорно да ги извршуваат своите задачи. Тука е и АБХО опремата, како и инженерските машини и опрема. Споменатите артилериски системи „Боран“ набавени од сојузничка Турција се веќе дел од армискиот арсенал. Набавуваме и напредна комуникациско – информатичка опрема и опрема за сајбер – одбрана и криптозаштита, која е дел од седумте договори кои ги потпишавме со САД од декември минатата година. Во овие договори се вклучени набавки за беспилотни системи, опрема за извидувачките и разузнавачките единици, опрема за специјални сили, лесно пешадиско вооружување, средства за лична заштита и Комплет за контрола на здружен оган. А покрај овие договори тука е набавката на системот за против оклопна борба JAVELIN кој ќе биде вграден во дел од оклопните возила JLTV и STRYKER – рече Мисајловски.

    Тој истакна и дека во тек е и проектот за набавка на ,,Специјални возила за посебни намени“ со кој ќе се обезбеди опремување со товарни и специјални моторни возила кои ќе ја засилат мобилноста и снабдувањето на единиците на Армијата. Продолжува и набавката на нови хеликоптери кои значително ќе ни помогнат, вели, во овие периоди кога се справуваме со пожарите на целата територија.

    -Армијата ја градиме и преку одличните билатерални односи со нашите сојузници. Посебно со Соединетите Американски Држави кои нè поддржуваат во континуитет со сериозни финансиски средства. Обединетото Кралство нè поддржи со индивидуална опрема, а со Турција склучивме договори за набавка на околу 4.000 комплети борбени униформи кои очекуваме да пристигнат веќе во септември, а во дополнителна постапка и во процес сме за околу 3400 пара чизми и 1800 комплети борбена униформа. Со поддршка од околу 38 милиони евра од Европскиот мировен фонд склучивме договори за набавка на медицински возила, инженериски машини, дозери, наторувачи, симулатори за пациенти, одела за деминери, робот за уништување на неексплодирани средства, влечни возови, генератори и друга опрема – изјави Мисајловски.

    Меѓу инвестициите е и што во Министерството за одбрана функционира и единствениот НАТО – акредитиран центар во нашата држава – Регионален центар за односи со јавноста кој е уникатен во сојузничката мрежа на центри за обука по тоа што е единствениот кој е целосно посветен на развој на оваа значајна област. Министерот Мисајловски во своето обраќање истакна дека и во финална фаза е и приемот на 300 нови професионални војници.

    -Особено ми е драго што денеска со нас се нашите нови лидери, дваесет и шест нови потпоручници кои по четиригодишно школување на Воената академија, веќе го започнаа својот пат во редовите на Армијата како офицери. Тие се нашата иднина! Со нас се и дел од новите 149 подофицери кои се одзваа на повикот и кои ќе го зацврстат суштинскиот сегмент на Армијата, подофицерскиот кор – рече Мисајловски.

    Поврзани вести:

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    21/09/2026

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    21/09/2026

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.