Автор: K.

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат корисници од неколку улици во Кисела Вода. Како што информираат од РЦУК, во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улиците „Иван Хаџиниколов“, „Герника“ и „Сердарот“ во населба Драчево, општина Кисела Вода.

Прочитај Повеќе

По денешното невреме кое ја зафати територијата на државата, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека веднаш ги активираше своите механизми за следење и координација. –Директорот на ЦУК Мухамет Али во текот на целиот ден ја следеше ситуацијата и беше во континуирана комуникација со сите надлежни институции со цел навремено и ефикасно справување со последиците од невремето, соопшти ЦУК. Според ЦУК, досега на повеќе локации се евидентирани материјални штети – поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот. Не се пријавени повредени лица. Известени се и надлежните служби за водовод и канализација, противпожарната служба и Дирекцијата за заштита и…

Прочитај Повеќе

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку емотивна објава на својата официјална Фејсбук страница, упати критика за состојбата со хигиената и општата слика на општината, изразувајќи незадоволство и грижа за секојдневието на жителите. -Ќе бидам искрен – срам ми е како изгледа Карпош овие денови, напиша Јакимовски, посочувајќи на преполните контејнери, расфрланиот смет и запуштеноста со која се соочуваат граѓаните. Тој додаде дека го боли фактот што луѓе кои чесно ги плаќаат своите давачки не добиваат соодветна услуга и услови за живеење, нагласувајќи дека дел од проблемите се надвор од општинските надлежности. -Не ми е лесно ни мене како градоначалник…

Прочитај Повеќе

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните…

Прочитај Повеќе