Автор: K.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања, преку својот адвокат до Судот досави емотивно писмо во кое ја сподели неизмерната болка. „Спушнавме различни теории на заговор, политички прогони, местенки, многу приговори, но за жал еден факт останува непобитен – Вања ја нема“, стои меѓудругото во писмото. Писмото во целост: -Се обраќам до судот, не како мајка туку и како човек кој живее со најтешка и необјаснива болка. Скоро цела година целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во текот на процесот беа презентирани низа…

Прочитај Повеќе

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Со завршните зборови ќе продолжат обвинителките Ана Стојковиќ и Жаклина Јосифовска откако на минатото рочиште тврдеа дека имаат цврсти докази дека обвинетите се сторители на двете убиства, додека Александар Ѓорчевски му дал информација на Палевски дека на 27.11 203 година Вања сама ќе оди на училиште. Но, конкретни докази за тоа не понудија. По излагањето на обвинителките, ќе следат завршните зборови на обвинетите а прв треба да биде токму Ѓорчевски.

Прочитај Повеќе

Според информациите од Државниот испитен центар (ДИЦ), најголем број пријавени има за тестот по англиски јазик (13 457 ученици). За тестот по математика се пријавиле 1246 ученици, 73 ќе полагаат германски јазик, 24 – француски јазик, 62 – естетика. За тестот по филозофија има седум кандидати, четворица за руски јазик и тројца за италијански јазик. Првиот надворешен испит, задолжителен за сите ученици, мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, се полагаше на 31 мај. Според податоците на ДИЦ, 9969 матуранти беа пријавени за македонски јазик, 4339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за тестот по…

Прочитај Повеќе

Во интервју за Прва скопска ТВ, градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, покрај одговорите на други прашања, кои ги интересираат граѓаните, објасни дека не дошол на функцијата во Општината за да владее, туку за да работи. -Новото време во Гази Баба не е само празен концепт, туку е начин на функционирање поразличен од сите претходни раководства, со чесно и посветено работење и одговорен пристап кон финансиите, објаснува Стефковски и додава: -Затекнав општина со огромен број проблеми, со неасфалтирани улици, со училишта без спортски сали, без фекална канализација во некои места, а одредени места беа без вода за пиење. Ме радува…

Прочитај Повеќе

Австрија прогласи три дена национална жалост по денешното пукање во средно училиште во Грац, во кое се убиени девет лица. Десеттата жртва е напаѓачот, кој извршил самоубиство на самото место. -Ова е мрачен ден во историјата на нашата земја. Пукањето во Грац е национална трагедија. Мора да покажеме единство во вакви моменти и да останеме човечни, изјави австрискиот канцелар Кристијан Штокер. Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер потврди дека се убиени девет лица, од кои шест женски и три машки, а има и 12 повредени, од кои девет сериозно. -Можеме да потврдиме дека напаѓачот делувал сам. Станува збор за 21-годишен…

Прочитај Повеќе

Во општина Ѓорче Петров нема да се градат хемиски фабрики! Вака, Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров, ги демантираше изјавите на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која обвини дека ваков тип на фабрики ќе се гради на територијата на Општината. Стојковски смета дека ова е обид на Арсовска да создаде хаос меѓу граѓаните. -Со тоа што се повикува на изградба на некакви си хемиски фабрики сака да создаде чувство на несигурност во јавноста и паника помеѓу луѓето. Најодговорно тврдам дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација…

Прочитај Повеќе

Општина Аеродром и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се скараа!Најпрво, Општината на комуналното претпријатие му напиша казна од 88.000 евра, за, како што соопштија од таму, континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на територијата на Аеродром. „Ова не е политичка одлука, туку институционална санкција заснована на реални пропусти. Жителите на Аеродром секојдневно се обраќаат до нас со поплаки за преполни контејнери, неподнослива нечистотија на улиците во сите населби, иако редовно и уредно ги плаќаат комуналните давачки секој месец, изјави в.д. градоначалникот Дејан Митески. Тој порача и дека Аеродром нема да биде заложник на туѓа неспособност и најави…

Прочитај Повеќе

Од вечерва почнува забраната на моторниот сообраќај од 19:00 до 00:00 часот на спојот на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ и улица „Широк Сокак“ во Битола. -Поради отпочнување на спроведување на одлуката за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќај во централното градско подрачје, Ве известуваме дека во периодот 10.06.2025 (вторник) до 10.09.2025 во терминот од 19:00 до 00:00 часот, се забранува моторниот сообраќај со поставување на физички препреки на спојот на улицата „Димитар Илиевски Мурато“ и улица „Широк Сокак“, со што се овозможува безбеден пешачки сообраќај, соопшти Општина Битола.

Прочитај Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со раководството на Министерството го пушти во употреба реконструираното Одделение за управни работи – Скопје кое се наоѓа во зградата на МРТВ. Тошковски образложи дека реконструкцијата почна кон крајот на месец октомври минатата година, и според него, била една од стратешките планови на ова раководството на МВР со цел граѓаните да добиваат брзи и ефикасни услуги кои ги плаќаат и ги заслужуваат. -Веќе нема да има хаос, неред и граѓани со нарушено достоинство кога е потребно да се извади личен документ или било која услуга која ја дава овој Оддел. Целта на…

Прочитај Повеќе