Во секојдневниот живот, од семејни драми до непредвидливи предизвици на работа, на сите ни треба барем една личност на која можеме да се потпреме – некој што ќе остане смирен, собран и подготвен да помогне, без оглед на околностите. Некои хороскопски знаци природно ја преземаат оваа улога. Тие се сигурни, лојални и секогаш тука кога е најпотребно. Еве ги хороскопските знаци познати по нивната стабилност и способност да бидат поддршка за другите. Бик Биковите се олицетворение на стабилноста. Тие не сакаат драма и не реагираат импулсивно, што ги прави одлични партнери во кризни ситуации. Нивниот смирен и рационален пристап кон…
Автор: K.
Овен Саботата ви нуди одлична можност за активна рекреација и забава. Вашата енергија е на високо ниво, што ви овозможува да се справите со сите планирани активности. Искористете го слободниот ден за да направите нешто што долго време го одложувавте. Вечерта е совршена за романтичен состанок или пријателско дружење кое ќе ве наполни со енергија за претстојната недела. Бик Оваа сабота, фокусирајте се на удобноста во домот и семејната хармонија. Планетите ви даваат можност да го подобрите просторот околу вас и да создадете поголема удобност. Викендот е идеален за купување предмети за домот или градината. Поминете ја вечерта блиску до…
Потребна е промена на концептот и начинот на носење одлуките за тарифите за водни услуги и зголемување на цената за одржливост на јавните претпријатија и намалување на загубите на вода во Македонија. Тоа се дел од препораките на учесниците на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“ што вчера и денеска се одржува во Охрид во организација на АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски смета дека за намалување на загубите на вода од 63 отсто конечната цена да ја одредува Комисијата наместо како досега општинските совети. -…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски, но не очекува влијание на цените на останатите продукти. По ноќешните напади на Израел врз Иран, тој посочи дека утрово цената на светските берзи на бренд нафтата била зголемена за десеттина долари. Зголемувањето, според Бислимовски, е шест-седум долари. – Апсолутно ќе има влијанија, да видиме како ќе се одрази во следните денови. За следната недела не верувам дека ќе има некое драстично влијание кога ќе ја…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ја посетил „Агриа“, најголемата домашна компанија од месната индустрија и остварил работна средба со менаџментот на најсовремената свињарска фарма во земјава. Во рамки на посетата, како што информира „Агриа“, министерот Трипуновски имал можност да се запознае со целиот процес на вертикалното интегрирано производство кое го практикува компанијата, почнувајќи од производство на сопствена сточна храна, преку контролирани услови за одгледување и добросостојба на животните, до преработка, пакување и дистрибуција на свежо месо до македонските потрошувачи. Особено внимание е посветено на строгите биосигурносни протоколи, високите стандарди за хигиена и безбедност на храната, како и…
До вчерашниот ден имаме над 2.500 пријави од млади невработени лица кои аплицирале во мерката за самовработување, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристевски. На инфо ден во Битола посветен за Оперативната програма на Владата за нови вработувања, Ристевски посочи дека мерката за самовработување има три содржини кои се однесуваат за млади до 29 години кои може да искористат до 10 илјади евра, за невработени лица над 29 години може да се добијат седум илјади евра, а има и можности за здружување во Друштва со ограничена одговорност. -Сакаме се да биде на транспарентен начин. Имаме исклучително голем интерес…
Војната помеѓу Израел и Иран се разгорува. Иран изврши повеќе масовни напади врз Израел во текот на ноќта, по претходните напади на неговите нуклеарни постројки и клучни воени цели. Испалени се стотици балистички ракети. Во рок од неколку часа, низ Израел се огласија повеќе сирени за воздушен напад, вклучително и во Ерусалим и Тел Авив. Израелската армија изутринава (14.06) го повика населението да побара засолниште и да остане таму до понатамошно известување. Во меѓувреме, иранските медиуми објавија информации за пожар и чад над аеродромот во Техеран. Најновиот аларм за воздушен напад беше активиран во неколку региони на Израел откако беше…
Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав. За него вчера беше пријавено дека исчезнал, а апелот масовно се споделуваше на социјалните мрежи. Неговата сестра објави дека тој е дома, жив и здрав. Семејството се заблагодари на сите за поддршката.
Денес (сабота) повторно ќе се одржи „Маршот за ангелите“ во Кочани, со тоа што за разлика од претходните, овој протест ќе започне во 18:05 како симбол на задоцнетата реакција на институциите. Рутата на протестот останува иста, започнува од Паркот на Револуцијата, преку ГТЦ, пред општината, преку полициската станица до зградата на Основиот суд и Основното јавно обвинителство – Кочани. -Ве известуваме дека „Маршот за ангелите“ единствено е организиран од семејствата на починатите и повредените во пожарот во Кочани и ги замолуваме сите граѓани да го почитуваат ова и да не се приклучуваат доколку целосно не го прифаќаат и поддржуваат маршот…
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип избра уште осум кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. Антонио Милошоски член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ информираше дека ИК донесе одлука да му предложи на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Македонски Брод кандидат за градоначалник да биде Жарко Ристески, кој е и актуелен градоначалник на оваа општина и во Општина Могила да биде актуелниот градоначалник Драганчо Саботковски. -За Пробиштип имаме кандидат којшто ќе се трка за градоначалник, Тони Тоневски, за Богданци ВМРО-ДПМНЕ го предлага Марјан Пеев, за Демир Капија ја предлагаме Наталија Димитриева, за Општина Росоман предлог за кандидат за…